Македонија Jana 7

7 март, 2017

Јана ќе ја претстави евровизиската песна на 10 март

Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62. издание на Изборот на песна за Евровизија, ќе биде официјално промовирана со видео запис во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ на 10 март (петок) со почеток во 20 часот и 15 минути, соопштија од МРТ.

Во текот на емисијата ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет (песна, спот, сценски настап, кореографија и стајлинг), а со публиката ќе бидат споделени и ексклузивни видео материјали од процесот на снимањето на песната и спотот, како и сите останати евровизиски активности на коишто се работеше во изминатите два месеца.

Јана Бурческа настапува на 11 мај во првата половина на второто евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.

jana



Врати се горе ↑