9 април, 2017

Јана ја заврши евровизиската турнеја во Амстердам

После Лондон и Тел Авив, Амстердам беше третата и последна станица од промотивната евровизиска турнеја, во чии рамки нашата претставничка Јана Бурческа во живо ја изведе својата „Dance Alone“, а како изгледаше настапот во холандската престолнина можете да погледнете горе.

Таа исто така беше поканета и на забавата на Генералната организација на евровизиски аматери, или накусо ОГАЕ, каде што пееше и нашата претставничка од 2014 година, Тијана Дапчевиќ.

 

Пред заминувањето за Киев, македонската делегација последниов период ќе го искористи за финализирање на подготовките за претстојниот фестивал. Како што е познато, за евровизискиот настап Јана се подготвува со шведската кореографка Амбра Сучи, која работеше и со победничката од 2012 година, Лорин, а како ќе изгледа „Dance Alone“ на сцената во Киев ќе дознаеме во втората полуфинална вечер на 11 мај, кога Јана ќе настапи под реден број 4. Среќно!

И.Ј.



Врати се горе ↑