26 јануари, 2013

Ја слушнавте новата песна од Тоше?

Вчера, 25-ти јануари, на денот на роденденот на нашиот Тоше Проески, беше претставена новата песна која Тоше ја снимил во 2006 година. За „Све је ово премало за крај“, чии музика и текст ги потпишаа Никша Братош и Јелена Трифуновиќ, беше снимен и видео запис кој беше вчера премиерно претставен во Крушево, а интернет промоцијата беше реализирана ексклузивно од страна на OnAir.FM Macedonia, која од фондацијата „Тоше Проески“ ги доби ексклузивните права за дигитална дистрибуција на новото видео.

Песната се најде на новата компилација со најголемите хитови – „The Best of Tose Proeski“.



Врати се горе ↑