Аудио cher-wedding-soon

24 ноември, 2012

Ја слушнавте новата песна на Шер?

По 12 години пауза од музичката сцена, Шер се враќа со нов сингл најавувајќи го новиот албум кој треба да излезе на пролет следната година. Синглот е насловен „Woman’s World“, а официјално ќе биде објавен на 26-ти ноември.

Иако Шер планирала да сними и спот за овој сингл, бидејќи мислела дека ќе има време, но песната во рекордно време почнала да се врти на сите радио станици. Што се однесува на новиот албум, Шер изјавила дека ќе биде исполнет со денс нумери, нешто слично како што беше и „Believe“. Како автори на ова следно издание, помеѓу другите се најдоа и Лејди Гага и Пинк.

Последен пат на топ листите Шер се појави со нумерата „You Haven’t Seen the Last Of Me“, која е дел од саундраткот за филмот Бурлеска, каде што Шер играше заедно со Кристина Агилера.  Во продолжение слушнете ја „Woman’s World“.

 



Врати се горе ↑