Видео

27 мај, 2019

„Изворот“ на „Авелина“ е гласот на македонската жена низ вековите

Извор“ е насловот на првата песна на Сара Александровска, која се крие зад псевдонимот „Авелина“. Таа се потпишува и како авторка на музиката, стиховите и на аранжманот, но и како режисерка на видеото што се снимаше во археолошкиот локалитет „Баргала“ кај Штип.

„Пронајди го својот вистински глас! ’Извор’ е гласот на македонската жена кој одекнува низ вековите, тој е глас на обединување и сплотување. Ова е песна што ја истакнува сакралноста на природата и нејзиното повторно будење во нашата свест. Нè поттикнува на согледување на стариот начин на живот, кој дава блажина на дух, овозможувајќи ни во целост да ја живееме модерната сегашност“, објаснува Сара.

Музичарката веќе има подготвено уште четири нови композиции, кои наскоро ќе влезат во продукција, а како звучи и изгледа нејзиното првенче „Извор“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑