Свет nm

15 декември, 2014

Изненадувачки факти за хитовите во 2014 година

Дали сте знаеле дека успешниот деби сингл на Меган Трејнор, темата All About That Bass“ за малку ќе била песна на Бијонсе? И дека хорот кој го слушате во хитот „Stay With Me“ на Сем Смит е всушнот само еден ист вокал повторен 20 пати? Или дека дуетската тема на Иги Азалија и Рита Ота, Black Widow ја напиша Кејти Пери? Овие и уште неколку изненадувачки факти за Вашите омилени хитови од годинава Ве очекуваат во продолжение:

Видео записот за хитот „Anaconda“ на Ники Минаж го собори рекордот на „Vevo“ со тоа што стана најпрегледуваното видео во првите 24 часа од објавувањето. Провокативниот видео запис е прегледан преку 19 милиони пати во првиот ден.

Кендрик Ламар својата весела песна „i“ ја напишал додека се борел со депресија.

 

Оригиналната верзија на песната „Don’t“ на Ед Ширан во себе го содржела зборот „fuck“, но музичарот го отстранил бидејќи еден татсист не сакал да дозволи неговата млада ќерка да слуша песна со пцовки.

Девојката која го позајми својот глас во песната „#Selfie“ всушност не се занимава со музика. Таа студира финансии и се вика Алексис Камписи.

Хитот „Let Me Blow Ya Mind“ коj во 2001 година го претставија Ив и Гвен Стефани ја инспирирал Чарли Екс-си-екс да го сними дуетот „Fancy“ со Иги Азалија.

 

Авичи не само што ја продуцијал темата „A Sky Full Of Stars“ на бендот „Колдплеј“, туку и свирел на клавир.

Додека Тејлор Свифт го снимала видео записот за нејзиниот хит „Shake It Off“, продуцентите пред студиото гласно пуштале хеви-метал музика со цел да спречат некој да ја слушне песната пред да биде официјално објавена.

 

Грајмс својата нумера „Go“ оригинално ја напишала за Ријана.

Хитот „Am I Wrong“ на Нико и Винз бил на топ листите во Скандинавија и Јужна Африка цели година дена пред да се пробие до Америка.

 

Соработката на Аријана Гранде и „Д викенд“ за темата „Love Me Harder“ не се случила случајно. Тоа е стратешки потег на неговата издавачка куќа за дополнителна промоција пред објавувањето на неговиот албум, закажан за следната година.

Извор: Buzfeed.com

 



Врати се горе ↑