Аудио

7 февруари, 2018

Излези од кутија… Сѐ е прекрасно! Сара Мејс го слика општеството со ноти

Сара Мејс повторно докажа дека креативноста ја има во безброј облици, а инспирацијата ја црпи од времето во кое живее. Овој пат, Сара објави две нови песни „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“. Таа сака да даде оригинална и автентична слика на општеството на уникатен начин. Музиката и текстот на песните е на Сара Мејс, додека аранжманот на истите е на Неврус Бајрам и Иван Петровски. 

„Сè е прекрасно“ одлично се исполнува со соло-изведбата на виолината на Климент Тодоровски. Тој е концерт-мајстор во Македонска опера и балет и неговите ноти ѝ даваат неверојатна димензија на песната. Во „Сè е прекрасно“ учествуваат: Филип Димишковски на пијано, Дејан Митровиќ на контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски на гитари, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски со перкусии, а Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.

 

„Излези од кутија“, пак, е во изведба на истиот овој тим, кој воедно беше дел од проектот „Floating Through Space With Sarah Mace“, и овие две песни се дел од самиот албум.

 

Сара Мејс e музичар чиј стремеж е да направи нешто ново и свежо во македонската музичка индустрија.



Врати се горе ↑