Аудио

27 февруари, 2018

Излезе демо-снимка од необјавена песна на Ејми Вајнхаус

Лондонскиот продуцент Гил Кенг објави демо-снимка од песна што ја отпеала легендарната британска пејачка Ејми Вајнхаус кога имала 17 години. Станува збор за претходно необјавената ар-ен-би песна „My Own Way“, што е вистински раритет бидејќи после смртта на Вајхаус во 2011 година, нејзината издавачка куќа ги уништила сите недовршени демо-снимки.

„Во тоа време пишувавме голем број поп-песни, работевме на промовирање на многу уметници што доаѓаа кај нас. Кога Ејми дојде да нè види, само ја отвори устата и нè остави без зборови“, изјавил продуцентот за искуството со легендарната пејачка, чиј живот трагично заврши во 2011 во 27. година од нејзиниот живот.

Како звучела Ејми на 17-годишна возраст слушнете во продолжение.

Извор: Би-Би-Си



Врати се горе ↑