Македонија Stradanjata

10 ноември, 2014

Излезе цедето од минатогодишниот велигденски концерт

На големо задовоство на македонските верници и на братството на Бигорскиот манастир и сестринството во Рајчица, деновиве излезе ново цеде со духовна музика „Страдањата Господови“, од концертот кој се одржа на 24 април 2013 лето Господово во Универзалната сала во Скопје. Оваа прекрасна духовна музичка манифестација со избрани стихири од Страсната седмица, беше реализирана во соработка со Македонската Филхармонија, Министерство за Култура и „Горила продукција“, а во изведба на познатиот поп пејач Димитар Андоновски, нашата драга гостинка од Грција, реномиран изведувач на византиски песни, Нектарија Каранѕи, монахиња Касијана и хорот на Бигорскиот манастир.

Со неа Бигорската обител и неговите соработници одбележаа два значајни јубилеи – 1700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт на светиот и благоверен цар Константин Велики, со кој најпосле престана гонењето на светата Христова Црква; и 1150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на нашите родоначалници и најсвети татковци, светите рамноапостолни и сесловенски учители и просветители, Кирил и Методиј.

Сите заинтересирани вљубеници во источно-православната музика ќе можат да го најдат споменатото музичко цеде во манастирските продавници или да го порачаат на тел: 070 342 970.



Врати се горе ↑