Балкан Apsurdistan-dubioza

23 април, 2013

Излегува новото ЦД на Дубиоза Колектив

Утре официјално излегува во продажба ЦД изданието од новиот албум на Дубиоза Колкектив, насловен „Апсурдистан“, кое во Македонија е објавено по етикетата на Пасворд продакшн. Ова е седми студиски албум на босанскиот состав кој од 15т-и овој месец беше поставен и за бесплатно преземање од нивниот сајт www.dubioza.org.

Апсурдистан е целосно генерички назив на дистопијска држава во која сè се граничи со апсурд. Нашето пост-транзициско општество секој ден сè повеќе личи на монтипајтоновски скеч во кој логиката и здравиот разум не постојат ни во трагите. Територијата на Апсурдистан е многу флексибилна и границите се шират и собираат пропоционално со присуството на количеството глупост. Албумот Апсурдистан пак е многу сличен на материјалот од кој е исткаена човековата глупост и се шири со неворојатна брзина и голта сè што ќе му се најде на патот“ – членовите на Дубиоза Колкектив ја објаснуваат идејата за новиот албум.

Албумот е работен во студиото „Скирлибаба“ во Рајловци (во близина на Сараево) во периодот од септември 2012 до февруари 2013. За снимањето, миксот и мастерингот беше одговорен ДиЏеј-от и клавијатуристот во бендот Брано Јакубовиќ. Албумот содржи 10 нови песни (и три ремикси меѓу кои и на Сињор Кулероу, попознат како Били Гулд, басист на Феит Ноу Мор ), а меѓу нив и посветата „Сјечам се“ за прерано починатата панк легенда Бранко Чрнац – Туста од Куд Идијоти. Како гости на албумот се појавуваат Миле Кекин од Хладно пиво и Д-р Поп и Радуле од Атеист Рап токму во кавер верзијата на Куд идијоти, но и Ла Плебе од Сан Франциско кои неколку пати ја посетија нашата држава, се дел од песната 99%.

 

За дизајнот беше одговорен басистот Ведран Мујагиќ. „На насловната страница на албумот се наоѓа грбот на Асурдистан кој ја симбилозира идеолошката каша која служи како темел за општествено-политичкото уредување на државата, комбиниран со елементи кои на сликовит начин ги претставуваат жителите на Апсурдистан и нивните навики, убедувања и системски вредности“ – велат ДК за обвивката на албумот.

Дубиоза паралелно со пуштањето на „Апсурдистан“ воведе и мобилна апликација која исто така ќе може слободно да се превземе. Апликацијата ќе биде достапна во верзија за Андроид и ИОС оперативен систем и ќе им овозможи на сите мобилни уреди од прва рака да добијат информации за бендот, концертните активности и да ги превземат или преслушуваат песните од „Апсурдистан“. Корисниците ќе можат да добијат бонус мултимедијални содржини кои ќе бидат достапни исклучиво преку апликацијата.

ЦД изданието од албумот „Апсурдистан“ на Дубиоза колектив во Македонија ќе може да го набавите во сите доброснабдени музички продавници, по цена од 350 денари.



Врати се горе ↑