Видео

12 октомври, 2018

Изгреа сонце за триото „Џентлмен“

Поп-оперското трио „Џентлмен“ деновиве снима видео за макфестовската „Изгреј сонце“, со која пејачите се натпреваруваа на годинашното 33. издание на популарниот фестивал. Автори на музиката и аранжманот се самите членови на триото – Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев – а стиховите ги потпишува Филип Цветков.

Ние си поминавме прекрасно на Makfest,се надеваме дека и вие си поминавте прекрасно со Trio Gеntlemen и комозицијата…

Gepostet von Trio Gentlemen am Dienstag, 9. Oktober 2018

 

„Ние си поминавме прекрасно на ’Макфест’, се надеваме дека и вие си поминавте прекрасно со трио ’Џентлмен’ и комозицијата ’Изгреј сонце’. Голема благодарност до штипската публика, убавиот прием и убавите коментари кои не ги штедевте после секој настап, се гледаме повторно на некој следен ’Макфест’“, изјавија момците после ова второ учество на фестивалот, каде што првпат настапија во 2016 година со одличната „На иста улица“.

Ние завршивме на лозјето, набрзо очекувајте ,,Изгреј сонце" од Trio Gentlemen.

Gepostet von Trio Gentlemen am Donnerstag, 11. Oktober 2018

 

„Изгреј сонце“ ќе биде трето видео за триото „Џентлмен“ и доаѓа по екранизацијата за „Немој да ме чекаш“ и одличната преработка на „Молитва“, па додека ја очекуваме неговата премиера, уживајте со настапот во живо на „Макфест 2018“!

 



Врати се горе ↑