Свет Eurovision 2013 sweden

2 јануари, 2013

Избрани веќе шест песни за Евросонг 2013

Вообичаено секоја година најдоцна до март се познати сите песни со кои земјите учеснички ќе се претстават на Евровизија. Од 39-те земји кои годинава ќе се претстават во Малме, Шведска, веќе 6 од нив го имаат конечниот резултат, односно познати се веќе шест песни кои ќе ги слушнеме на евровизиската сцена. Пред извесно време нашиот сосед Албанија ги избра Адриан Лулѓурај и Бледар Сејко кои ќе ја претстават својата земја со песната „Идентитет“, а Швајцарија ќе ја брани „Армијата на спасот“ со песната „You And Me“. Боите на Белорусија ќе ги брани Алијона Ланскаја со „Rhythm of Love“, а Роберто Белароса ќе пее „Love Kills“ за Белгија. Литванија ќе ја претстави Андриус Појавис со „Something“, а непосредно пред крајот на декември беше избрана и победничката композиција „Gravity“ со која Злата Огневич ќе ја претстави Украина.

За уште неколку земји учеснички се веќе познати само изведувачите, а останатите ќе ги соопштат своите претставници најдоцна до крајот на март или почекотот на април. Од изведувачите, покрај Есма и Влатко кои ќе  ја претставуваат нашата земја, за сега познати се и извадувачите за Црна Гора – дуото Who See, Анук која ќе ја претставува Холандија, а Шпанија го избра бендот El Sueño de Morfeo (Сонот на Морфеј), кој веројатно ќе има интересна песна со оглед на тоа што нивниот музички стил е мешавина од поп рок, келтска музика и фолк рок музика со елементи од инди поп.

Од шесте до сега познати песни, освен албанската, сите други се на аглиски јазик. Во продолжение преслушајте ги песните од Белорусија, Белгија, Литванија и Украина.

Alyona LanskayaRhythm of Love (Belarus)

 

Roberto BellarosaLove Kills (Belgium)

 

Andrius PojavisSomething (Lithuania)

 

Zlata OgnevichGravity (Ukraine)

 

 

 



Врати се горе ↑