Македонија np

29 март, 2016

Избрани новите субвенционирани песни од Владата

Деновиве беше објавена одлуката за избор на изведувачи и композиции кои се пријавиле на конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција, кој на секои три месеци го распишува Министерството за култура. Во категоријата ѕвезди овој пат се најдоа фолк-пејачите Наум Петрески и Перо Христов, и рокерот Ристо Вртев, кои ќе добијат по 9.000 евра, секој за по две песни. Во истата категорија субвенции доби и музичарот Горазд Чаповски.

Ова е првпат две песни на Наум да бидат избрани од комисијата, која овој пат беше составена од музичарите Ристо Апостолов (претседател), Роберт Саздов, кој е претходно субвенциониран во категоријата ѕвезди, Васка Наумова – Томова, Лилјана Автовска, Симеон Иванов – Канго и Маја Вукичевиќ.

Во категоријата врвен изведувач, по 3.000 евра за песна ќе добијат Никола Перевски – Пере од „Нокаут“, Александар Ристовски – Принц за две песни во забавната музика, а сите добитници за субвенции можете да ги најдете на веб-страната на МРТ.

Законот за поддршка на домашната музичка продукција е донесен на крајот од 2013 година. Владината субвенција ќе трае 10 години и ќе изнесува околу 5 милиони евра. За членови на комисијата аплицираат автори на музика и аранжмани, изведувачи, музички продуценти, како и музички уредници.



Врати се горе ↑