Македонија

12 септември, 2018

Избрани композициите за „Макфест 2018“

Избрани се композициите за 33. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2018“. Кирил Панајотов, советник за јавни дејности во општина Штип, информираше дека оваа година, наместо 30 ќе бидат изведени две композиции повеќе.

Годинава има 32 композиции кои ќе се натпреваруват во две полуфинални вечери. Веќе се завршени и сите технички подготовки околу фестивалотТелефонско гласање повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере. Практично ќе биде троделно гласање, но техниката ќе се соопшти дополнително“, вели Панајотов.

Тој истакна дека сè уште не се дефинирани учесниците во шоу програмите, но се најавува музички перформанс за неодамна почината музичка ѕвезда, а своевремено учесник на „Макфест“. Уметничкиот директор на фестивалот, Владимир Дојчиновски неодамна откри и дека годинашното издание ќе помине во знакот на македонските автори и изведувачи, меѓу кои ќе има и веќе докажани, но и нови имиња што допрва ќе се афирмираат на македонската сцена. Трите фестивалски вечери се закажани за 4, 5 и 6 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

МИА



Врати се горе ↑