Видео maxresdefault (2)

23 февруари, 2014

Избрана и еровизиската песна за Унгарија

Вчеравечер беше одржан и изборот за песна на Евровизија во Унгарија, а билетот за Копенхаген отиде во рацете на 29-годишниот Андраш Калај Сондерс (András Kállay-Saunders) кој ќе се претстави со песната „Running“. Сондерс е роден и израснат во Њујорк, САД, неговата мајка е унгарската манекенка Каталин Калај, а татко му е американскиот музичар Фернандо Сондерс. Во 2011 година Андраш заминал во Унгарија да ја посети неговата болна баба, па пристуството го искористил да се пријави на музичкиот натпревар „Мегастар“, на кој го освои 4-тото место и потпиша договор со Universal Music, но во 2012 година премина кон шведската етикета Today Is Vintage која ќе го објави неговиот сè уште неименуван деби албум.

Како звучи унгарската евровизиска тема за годинава можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑