Балкан eurovision2013_malmo_bid

16 јануари, 2013

Избрана евровизиската песна за Хрватска

Неодамна се шпекулираше дека авторот на евровизиската песна за Хрватска ќе биде музичарот Џибони, меѓутоа тричлената комисија составена од Велимир Ѓуретиќ, Никша Братош и Анте Пецотиќ ја избра песната насловена „Мижерија“ од авторот Горан Тополовец.

Оваа песна беше избрана меѓу шеесетте композиции кои пристигнаа на конкурсот распишан од јавниот сервис. Покрај „Мижерија“, одбрана е и уште една резервна песна чиј автор е Мирослав Буљан од Загреб, а насловот е „Цили свит за били цвит“.

Од комисијата за избор на изведувачот именувани се Велимир Ѓуретиќ, Никша Братош и Мојмир Чачија кои ќе го одберат изведувачот, односно клапата која ќе ги брани боите на Хрватска во Малме. Минатата година оваа земја ја претставуваше Нина Бадриќ со нумерата „Небо“, но за жал не успеа да се пласира во финале.

 



Врати се горе ↑