Македонија 1238088_10151582202797382_1591195815_n

20 септември, 2013

Изберете плакат за Макфест 2013!

Подготовките за 28-мото издание на фестивалот на музика „Макфест 2013“ влегуваат во завршна фаза. Наскоро на првата традиционална прес конференција ќе бидат објавени имињата на учесниците и на композициите, но во меѓувреме, организаторот на фестивалот, Општина Штип и организациониот одбор одлучија да ги вклучат и љубителите на музиката ширум Македонија во фестивалот Макфест.

Имено, за разлика од порано, годинава подготвени се четири (4) идејни решенија за ликовно-графичкото решение за постерот за фестивалот. Општина Штип, на официјалниот сајт (Општина Штип Македонија) ќе ги претстави сите четири решенија, а посетителите најдоцна до недела ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит. Дизајнот кој ќе добие најмногу гласови ќе биде избран за официјален постер и заштитно ликовно-графичко решение за 28-мото издание на „Макфест 2013“.

Се повикуваат сите фејсбук сурфери да го посетат профилот на Општина Штип, каде што сите дизајни се обележани како „Верзија“ од 1 до 4. Можат слободно да гласаат за она идејно решение кое им се допаѓа, под самата објава, или можат да испратат и електронска порака на е-маил адреса: makfest@popstar.comГласањето завршува во недела во 12:00 часот на пладне.

Избраното идејно решение ќе биде официјално претставено на првата прес конференција. Инаку мотото на годинашново фестивалско издание е „Враќање на корените“.



Врати се горе ↑