Македонија 12249658_969327706447101_3716177333501746012_n

23 ноември, 2015

Ивона влегува „На иста адреса“

Вчерашната шеста гала вечер „На иста адреса“ беше полна со изненадувања. Настапите на десетте натпреварувачи ги задоволија критериумите на жирито во состав Тамара Тодевска, Панчо, Весна Бејби Петрушевска и Боки 13, во улога на шоу биз полицаец.

Жирито во состав: Боки 13, Панчо, Весна Бејби и Тамара

Слушнавме повеќе пофални зборови, комплименти, видовме многу 10-ки, но вечерта заврши во знакот на Александра Михова која беше прогласена за победник на 6. гала.

Александра Михова

Кaко што беше најавено, имаше едно ново претставување и едно исфрлување. Според бројот на гласовите од публиката, најмала поддршка доби Вики Јованџикова, за која овој натпревар заврши вчера, но бројот на натпреварувачи и понатаму останува ист бидејќи вилата „На иста адреса“ доби уште еден потстанар.

Вики Јованџикова

Станува збор за кумановката Ивона Јовановиќ (19), која ја паметиме по учествата во повеќе музички шоуа во Македонија и регионот. Што ќе се случува понатаму и како кандидатите ќе ја прифатат Ивона останува да дознаеме „На иста адреса“ вечерва во 00.30 на АЛФА ТВ. #НИА

 



Врати се горе ↑