Македонија ivona

6 мај, 2015

Ивона од „Ѕвездите на Гранд“ ќе пее и на „Макфест“

Ивона Јовановиќ (18), која на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е еден од потенцијалните финалисти, ја доби првата песна која ке ја изведе на „Макфест“ заедно со „Рафинерија“. Се работи за дуетот „Тешко време“, чиј автор е Борче Димитров, попознат како Бока Рафинерија.

„Песната ја примија на конкурсот, но поради тоа што беше замислена како дует, се впуштивме во потрага по женски вокал со кого би ја извеле истата. Брзо донесовме одлука тоа да биде Ивона и покрај многуте опции“, вели Борче.

Аранжманот е на проф. Живоин Глишиќ и се работи за балада која има потенцијал да стане и евергрин. „Макфест“ ке се одржи 3, 4 и 5 јуни во домот на АРМ во Штип со директни преноси на МТВ 1. Дуото „Рафинерија“ снима уште една песна во студиото на Драган Ристовски што ќе излезе деновиве, а работат и на нова фотосесија со Алекс Јакимовски.



Врати се горе ↑