Балкан Leontina-Pat-i-Ivana-Peters-Negativ

29 ноември, 2012

Ивана и Леонтина во нова група

Срските пејачки Ивана Пeтерс (Негатив) и Леонтина Вукомановиќ од неодамна настапуваат под името „Diva’s Duo“. Двете извонредни пејачки ги здружија силите во новиот женски дует кој секако ќе ги израдува љубителите на нивните препознатливи вокали.

Еден од првите настапи на „Дивите“ беше на прославата за десет години работа на компанијата „Prestigio“, на свечениот коктел во Операта и театарот „Madlenianum“. Публиката која ја сочинуваа вработените, пријателите и бизнис партнерите на фирмата, биле воодушевени од интерпретацијата на авторските нумери, но и обработките на песни од други изведувачи.

Ова не е прв пат за Леонтина и Ивана од бендот Негатив да соработуваат, бидејќи веќе долги години заеднички се посветуваа на музички проекти за деца.

Извор и фото: Svetplus.com



Врати се горе ↑