13 март, 2013

Ивана Банфиќ има „Златно правило“

Популарната хрватска пејачка Ивана Банфиќ сними видео запис за песната „Златно правило“. Пејачката се враќа на музичката сцена со новиот сингл за кој видео записот го снимаше во Загреб, Вараждин и Ријека, а за прв пат во нејзината кариера Ивана во овој видео запис преку стари фотографии покажува како изгледало нејзиното детство.

„Уживав во работата со една позитивна и весела екипа од млади ентузијасти – уметници и им ги отстапив моите приватни снимки и фотографии од најраното детство за некои делови од видео записот, кој е најемотивниот што сум го снимила до сега. По малку шокантен…“ – изјавила Банфиќ.

 

Извор: kurir-info.rs



Врати се горе ↑