Македонија IvanRadenov2

14 септември, 2013

Иван Раденов во септември на топ листите со песна за август!

Првиот македонски идол, Иван Раденов неодамна се искачи до врвот на топ листите во Србија со својата песна „Август“: „Интересно е што песната дури сега во септември ја доживува својата најголема слава, постојано на свирки ја бараат“ – вели Иван.

Дел од радиостаниците на кои постојано се врти песната велат дека не е прв пат некоја песна својот публицитет да го добие месец дена по нејзиното лансирање, едноставно треба луѓето повеќе пати да ја слушнат и да ја засакаат. Песната „Август“ е авторско дело на Иван Раденов, кој ја направи заедно со Alien Perspective, односно Љупчо Стевановски, Ненад и Предраг Негриевски.

 



Врати се горе ↑