Македонија IvanRadenov2

12 февруари, 2015

Иван Раденов наскоро со нов материјал

Момчето што пред четири години победи на првиот и единствен „Македонски идол“ и оствари забележителен настап и на „Х фактор“, Иван Раденов наскоро ќе промовира нов авторски материјал. Првата песна ќе биде пуштена во радискиот етер за неколку дена, а ќе добие и свое видео издание, кое воедно ќе биде негов прв официјален видео запис во кариерата.

„Темата е поп – рок во средно темпо и преовладува електронски звук што навистина ми се допаѓа. Ме чека напорен период, но се радувам што по еуфоријата со ’Х фактор’ и многубројните свирки во државата, по подолго време повторно ќе пеам авторска музика“, открива за Дневник талентираниот гевгеличанец.

Композицијата е на Срѓан Бранќовиќ, автор со кој соработуваше и на неговите песни Студ во душава“ и „Сам против времена“, а стиховите се на Огнен Неделковски. Раденов со докажаниот текстописец  работи и на уште една тема: „Ќе посветам песна на мојот најдобар другар Ристо Калиников, чиј живот згасна прерано. Тоа е одлична балада која верувам дека силно ќе допре до слушателите. Веќе имам доволно материјал за албум. Наскоро ќе ја снимам и првата песна во која се јавувам и како автор на музиката и на аранжманот“, објаснува тој.

Додека го очекуваме новиот материјал, да се потсетиме на прекрасната балада „Кога си одиш“, со која настапи на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ в0 2012 година. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑