Македонија 225662_170248586367003_6898656_n

5 јануари, 2013

Иван Раденов ја освојува српската сцена

Првиот Македонски Идол, гевгеличанецот Иван Раденов кој неговата најнова композиција „Кога си одиш“ ја претстави на фестивалот за забавна музика Макфест 2012, сега ја освојува и спрската музичка сцена. Кај нашиот северен сосед Раденов веќе одржал дваесет концертни свирки, соработувал со Вукашин Браиќ, бендот Алогија и со познатиот автор Кики Лесендриќ.

Наскоро ќе ја промовира и неговата нова нумера „Сам против времена“, која е наменета за тамошниот пазар: „До сега со мојот бенд Ејџ оф Аквариус одржавме свирки во Стара Пазова, Зрењанин, Пожаревац, Бачка Паланка, Нови Сад. Имавме околу десет настапи и во Белград. Дадов интервјуа за локалните ТВ-станици каде што настапувавме. Исто така бев гостин и на телевизија Пинк. Одлично сме прифатени од овдешната публика, која е присутна во голем број на нашите свирки. Бев гостин на двата концерта на Вукашин Браиќ“ – изјавил тој.

Раденов планира да сними и дует со Браиќ, кој го паметиме како еден од учесниците на музичкото шоу „Операција Триумф“.

„Стапив во контакт и со Kики Лесендриќ, фронтменот на Пилоти. Тој е навистина голем професионалец и прекрасна личност. Се договоривме да ми направи песна и верувам дека наскоро ќе бидам во можност да ја снимам во неговото студио. Ќе гостувам на една песна на групата Алогија. Има шанса да остварам соработка и со Сашка Јанковиќ, која беше учесник на „Први глас Србије“ и важи за еден од најдобрите вокали во Србија. Дури и Џенифер Хадсон ја пофали нејзината изведба на „One Night Only“ – додал пејачот.

Иван престојува во Белград два месеца, а планира и понатаму српската метропола да биде негов втор дом. Веќе има закажано настапи во февруари и во март: „До октомври минатата година бев доста активен и на македонската сцена. Пеев на охридскиот фестивал, а бев дел и од изведувачката екипа на „Макфест“. Бев ангажиран и за моите ноќни свирки во земјава. Истовремено работам и на мојот деби-албум. Седум песни се готови, а планирам да реализирам уште три. Во потрага сум по издавачка продуцентска куќа. Песната „Сам против времена“ ќе ја препеам и на македонски јазик зашто постојано мислам на мојата македонска публика, која ќе ми недостига во наредниов период.“

 

Извор: Дневник



Врати се горе ↑