Концерт ivan bosiljcic

18 февруари, 2014

Иван Босиљчиќ со осмомартовски концерт во Скопје‏

Музичката куќа „Сил- Вла“ од Скопје има голема чест да Ви го најави осмомартовскиот концерт на големата српска ѕвезда, младиот и актуелен арист, актер и музичар Иван Босиљчиќ. По повод 8-ми Март, денот на жената, концерт во Универзала сала ќе одржи миленикот, особено на женскиот дел на балканската публика, која за него се врза по бројните улоги во популарните српски серии како „Гревот на нејзината мајка“, „Непобедливо срце“, „Љубов и омраза“, „Ранет орел“, „Последна аудиенција“, „ Љубов, навика, паника“, „Доаѓаат доларите“… Младиот и обожаван господин Иван плени и со бројните театарски, но и филмски улоги остварени во „Страв од летање“, „Каде што цвета лимон жолт“, „На убавиот син Дунав“

Она што особено остава впечаток кај овој млад и популарен артист се бројните музичко-актерски перформанси кои ги прикажува пред публиката. Тој, како посебен вид на модерна уметничко-сценска атракција може да се пофали со неколку наполнети сали во престижниот белградски Сава центар.

На големо задоволство и на неговите обожавателки од Македонија, Иван доаѓа во Скопје со својот бенд, за да по повод овој женски ден им подари низа сценски задоволства на припадничките на понежниот пол. Концертот ќе почне во 20.30 часот. Влезниците кои чинат по 600 денари може да се купат на касата на Универзална сала, Розе Веро 2, Југотон и Камарад.



Врати се горе ↑