Ивајо со ремикс на „Endless Love“ од „Саунд месинџерс“
Актуелниот хит на дуото „Саунд Месинџерс“, темата „Endless Love“ доби и своја ремикс верзија за која се погрижи продуцентот Иван Јованов, познат како Ивајо (Iwayо), кој се потпиша и на хитот „Добро да е“ на Слаткаристика, како и летниот хит „Summer Love“ во соработка со Викторија Лоба, а минатата година заедно со Тод Хејз тргнаа во поход за освојување на светските топ листи. Како звучи ремиксот на „Endless Love“ можете да слушнете во продолжение.