21 декември, 2015

Ива Ќуриќ од „Х фактор“ дебитира со „Шеќер“

Уште една во низата финалисти од втората сезона на регионалниот „Х фактор“ што успешно се пробиваат на балканската музичка сцена е и третопласираната Ива Ќуриќ од Хрватска, која ги освои симпатиите на публиката уште на аудицијата за учество во натпреварот, а со помош на нејзиниот ментор Жељко Јоксимовиќ успеа да стигне до самото суперфинале. Шармантната пејачка денеска премиерно го претстави својот деби сингл „Шеќер“, чиј видео запис можете да го погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑