8 јануари, 2013

Ив сними спот за новиот сингл „She Bad Bad“

Американската хип-хоп ѕвезда Ив (Eve) по огромна пауза се враќа со нов видео запис за синглот „She Bad Bad“ кој го промовираше во октомври минатата година, а ќе се најде на нејзиниот четврти по ред студиски албум, кој заради повеќе причини доцни веќе неколку години. И самиот наслов на албумот претрпи големи промени; првиот наслов беше „Here I Am“, потоа беше преименуван во „Flirt“, а сега конечно (веројатно) ќе биде насловен „Lip Lock“. Водечкиот сингл за ова издание е токму нумерата „She Bad Bad“, а видео записот само што беше објавен денеска.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑