Свет eve-lip-lock-650px

27 јануари, 2013

Ив најави нов албум

Како што изјавила за магазинот Rap-Up.com, познатата раперка и актерка Ив Џихан Џеферс, попозната само како Ив, нејзиниот нов албум насловен „Lip Lock“ е „албум каков што отсекогаш сакала да направи“, а ова издание е најавувано уште од 2007 година. Меѓутоа, раперката потсетува дека со албумот кој по дури 11 години ќе го наследи нејзиното претходно издание „Eve-Olution“ од 2002 година, имала големи проблеми со издавачката куќа Interscope и вели дека „не станува збор за истото издание и дека од претходните планови останал само насловот“. Но, најважното е тоа што „Lip Lock“ конечно ќе пристигне на 14-ти мај, а иако официјално непотврдени, се очекуваат гостувањата на Снуп Дог (Лајон?), Пуша Ти, Џуси Џеј, Крисет Мишел и Гејб Сапорта (Кобра Старшип), а во наредните денови се очекува и нов сингл, нумерата „Make It Out This Town“.

Како што пренесовме на почетокот на месецот, Ив ја започна годината со видео записот за синглот „She Bad Bad“. 34-годишната ѕвезда и добитничка на Греми награди, која има продадено преку 8 милиони албумски примероци ширум светот, стана позната по голбалниот успех на вториот сингл од нејзиниот албум „Scorpion“ од 2001 година, песната „Let Me Blow Ya Mind“, во која гостуваше Гвен Стефани и која ја продуцираше Д-р Дре.

Извор: Spin



Врати се горе ↑