Аудио zoran-iliev-its-my-broken-heart-videostill

17 јули, 2014

„It’s My Broken Heart“ е новата песна на Зоран Илиев

По баладата „Моја вистина“ која ја претстави во септември минатата година, познатиот штипјанец и победник на „Макфест“ во 2011 година, Зоран Илиев деновиве ја претстави својата нова песна. Овој пат со малку побрз и летен ритам, новото музичко парче на Илиев е насловено „It’s My Broken Heart“, чии автори се Мирче Кикиритков (музика и текст) и Дејан Ѓоргиевски Ѕене (аранжман), на гитара свири Петар Чичев, а како придружен вокал се јавува Натали Заринска. Песната е претставена во популарниот формат на текстуален видео запис за кој се погрижи Sky Eye Entertainment, а како звучи „It’s My Broken Heart“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑