16 ноември, 2014

Италија победи на Детската Евровизија 2014

По минатогодишната победа на Гаја Каучи со песната „The Start“, Детската Евровизија годинава за прв пат се одржа во Малта, a на синоќешната манифестација се натпреваруваа претставници од 16 земји. Со песната „Tu primo grande amore“ победник на годинешното издание е 14-годишниот Винченцо Кантиело од Италија, кој освои вкупно 159 поени. На второто место се најдоа претставниците на соседна Бугарија, а Крисија Тодорова, Хасан и Ибрахим со песната „Планетата на децата (Planet of the Children)“ освоија 147 поени, додека бронзата, односно третото место со освоени 146 поени отиде во рацете на ерменската претставничка Бети и нејзината песна „People of the Sun“.

Победничката песна можете да ја слушнете горе, а пласманот на сите земји учеснички погледнете го во продолжение.

1. Италија – 159 поени

2. Бугарија – 147 поени

3. Ерменија – 146 поени

4. Малта – 116 поени

5. Русија – 96 поени

6. Украина – 74 поени

7. Белорусија – 71 поен

8. Холандија – 70 поени

9. Кипар – 69 поени

10. Србија – 61 поен

11. Грузија – 54 поени

12. Словенија – 29 поени

13. Шведска – 28 поени

14. Црна Гора – 24 поени

15. Сан Марино – 21 поен

16. Хрватска – 13 поени

Извор: www.junioreurovision.tv



Врати се горе ↑