Концерт Karolina foto bod

7 јули, 2015

Историскиот проект „Македонско девојче“ во историските локалитети и градови Хераклеја – Битола, Антички театар – Охрид и градски парк Дојран

Каролина со својот сега веќе историски проект „Македонско девојче“, покрај настапите надвор од Македонија како Бугарија („Банско фест“) и Србија (фестивал „Егзит“), ќе одржи неколку големи концерти и во Македонија, соопштија од „Авалон“.

Досега потврдени се три концерти и тоа на 23 јули Каролина со својот бенд ќе има свој самостоен концерт во Битола во античкиот локалитет „Хераклеја“, а следниот ден на 24 јули ќе настапи во Античкиот тетар во Охрид. Оваа мини турнеја завршува на 2 август, кога Каролина на нашиот најголем национален празник ќе пее во Дојран во Градскиот парк, кој ќе биде голем празничен концерт за сите фанови од Дојран, Струмица, Гевгелија, Валандово ….

Влезниците по цена од 300 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑