Свет 51d4b193403be4146e1879ea2d6222ee

10 ноември, 2014

Историски рекорд за Шерил

Некогашната членка на групата „Грлс алауд“, Шерил Фернандез-Версини продолжува да нижи успеси во нејзината соло кариера, а нејзиното најново достигнување е петтиот број еден сингл на официјалната сингл листа во Велика Британија, со што стана првиот женски изведувач во Велика Британија со најмногу „број 1“ синглови.

Имено, по освојувањето на врвот на оваа топ листа со хитовите „Fight For This Love“ во 2009, „Promise This“ во 2010, „Call My Name“ во 2012 и „Crazy Stupid Love“ во 2014 година, пејачката по петти пат се искачи на првото место со нејзиниот неодамна објавен сингл „I Don’t Care“, кој послужи и како најава за нејзиното четврто студиско издание „Only Human“, објавено денеска (10 ноември). Претходно рекордот го држеа Џери Хaливел и Рита Ора, кои имаа по четири број 1 синглови на оваа листа.

 

Пејачката ја објави оваа фотографија на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на своите фанови за поддршката.



Врати се горе ↑