Свет SS

26 јуни, 2014

Историски рекорд за Сем Смит

Сè попопуларниот британски музичар Сем Смит штотуку постави еден „историски рекорд“. Имено, неговиот деби албум „In The Lonely Hour“ кој беше објавен во Велика Британија кој крајот на мај, оваа недела беше претставен и на американскиот пазар каде што изданието оствари тираж од точно 165 966 продадени примероци, со што младиот пејач се здоби со титулата „најпродаван машки изведувач од Велика Британија во првата недела на американската листа“ и тоа од 1991 година, од кога агенцијата Нилсен СаундСкен води статистика за пазарот на музички изданија во САД. Но, ова не значи дека пејачот ќе дебитира на самиот врв на американската листа; таа позиција во моментов е резервирана за албумот „Ultraviolence“ кој Лана Дел Реј го објави неделава.

Во меѓувреме, Смит соборува и нови рекорди; неговата издавачка куќа Капитол објави дека продажбата на синглот „Stay With Me“ токму оваа недела го надмина бројот од милион примероци, а стигнаа и вести дека неговата турнеја во Северна Америка, најавена за септември, е веќе потполно распродадена.

 



Врати се горе ↑