Видео jf-tj

22 февруари, 2014

„Историја на рап музиката“ со Џастин Тимберлејк и Џими Фелон

Емисијата „The Tonight Show“ со Џими Фелон е една од најгледаните во САД, а уште повеќе заради тоа што талентираниот водител често учествува во настапите на своите гости музичари. Секоја од изведбите е интересна на свој начин, но она што го привлече нашето внимание е серијалот „Историја на рап музиката“ во чии рамки водителот и познатиот музичар Џастин Тимберлејк заедно ги изведуваат најголемите хитови од овој жанр, а ги придружува бендот Рутс. Првите четири дела се споени во едно 20-минутно видео, а 5-тиот дел беше претставен вчера. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 

Бонус видео: Џими и Вил Смит со „Еволуција на хип-хоп танцот“

 



Врати се горе ↑