Видео

1 јуни, 2019

Исто како мама Тамара, 3-годишната Хана ја пее евровизиската „Proud“

Евровизиската песнаProud на Тамара Тодевска изминативе неколку месеца допре до срцата на бројни слушатели ширум светот, а особено до срцата на девојчињата и жените ширум светот. Пејачката, која денеска го слави својот 34. роденден, уште пред објавувањето на песната откри дека главната инспирација е нејзината ќеркичка Хана и дека во Тел Авив ќе пее за неа.

Од кусото видео објавено на социјалните мрежи можеме да забележиме дека освен што го наследила талентот од мајка си, 3-годишната Хана ја презеде задачата и понатаму да ја шири оваа позитивна порака и на сите да им порача да бидат горди! Најгорда на оваа изведба е сигурно мама Тамара, а ќе бидете горди и вие кога ќе ја слушнете колку убаво ја пее оваа моќна балада.

„Кога твојата ќерка ја пее песната што си ја создала за неа“, напиша Тамара споделувајќи го видеото, па како звучи „Proud“ во изведба на малата Хана, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑