Аудио ms

27 ноември, 2014

„Испод неког другог неба“ е новиот сингл на Масимо Савиќ

Познатиот хрватски музичар Масимо Савиќ деновиве го претстави својот нов сингл, потпишан од авторот на хитовите „Из једног погледа“ и „Сузе нам стале на пут“, Предраг Мартињак.

„Уживам работејќи во студио со него, бидејќи меѓусебно се надополнуваме и инспирираме. Мислам дека таа поврзаност ќе ја осети и публиката и уверен сум дека песната ќе се слуша често“, изјавил Савиќ, кој со Мартињак соработуваше и за албумот „Додирни ме случајно“ (2011), а како звучи новиот сингл насловен „Испод неког другог неба“ можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑