31 јануари, 2016

Исмаил Лумановски и „Њујорк џипси ол старс“ го снимија првиот видео запис

Битолчанецот Исмаил Лумановски и неговиот бенд „Њујорк џипси ол старс“, кои минатата година ја воодушевија македонската публика на концертите во Битола и Скопје, деновиве го претставија својот прв официјален видео запис. Станува збор за екранизација на темата „Melandia“, која е сместена на нивниот втор студиски албум „Dromomania“, објавен на 1 декември 2015 година. Автор на песната е самиот Лумановски, а продукцијата ја потпишува Џејсон Линднер. Покрај членовите на бендот, во видео записот се појавува и танчерката Ирина Акуленко, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑