5 март, 2017

Исмаил Лумановски и „Инспектор Гаџе“ сакаат да летаат

Популарниот кларинетист Исмаил Лумановски повторно ги здружи силите со групата „Инспектор Гаџе“, со кои ја сними филмската „Адреналина“. Имено, музичарите деновиве одржаа концерт во Сан Франциско, па со своите обожаватели споделија видео од пробата пред концертот, каде што ја изведуваат темата „Сакам да летам“. Станува збор за комплетното авторско дело на Дуке Бојаџиев, со кое Сања Ѓошевска се натпреваруваше на Скопски фестивал“ во 2014 година, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑