Видео 12019845_10153392730969262_2351275434097782179_n

30 септември, 2015

Исмаил Лумановски ги воодушеви битолчани, вечерва на ред се скопјани

Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа беше претесна да ги прими сите љубители на музиката на Исмаил Лумановски и неговиот бенд „Њујорк џипси ол старс“, кој постои повеќе од 12 години и во кој членови се музичари од Грција, Турција, Швајцарија, Австралија и САД да го проследат нивниот настап.

„Уште како млад музичар кога ја почнував својата музичка кариера сонував да имам свој настап во Битола. Верувајте ми, сум настапувал на многу сцени во светот, но, секогаш кога ќе ги слушав аплаузите по моите настапи мислите ми се враќаа во Битола и се прашував кога ќе можат моите сограѓани, комшии, другари, пријатели да ја слушнат мојата музика. Затоа кога ја добив поканата, сега за време на оваа моја турнеја низ Балканот и Европа да настапам во Битола, прифатив што би се рекло на ’поминување’  да настапам во Битола. Искрен да бидам, иако јас лично тремата одамна ја имам загубено, сепак морам да признам дека овој пат имав огромна трема како ќе ме прифатат моите сограѓани. Затоа кога по почетното ’запознавање’ ги слушнав аплаузите, знаев дека тоа ќе биде извонреден  концерт“, изјави Лумановски.

По битолскиот концерт, вечерва Лумановски со неговиот бенд ќе одржи два концерта во МКЦ во Скопје – првиот концерт е од 19 часот, а вториот од 21. Од МКЦ велат дека билети има само за првиот концерт, а вториот е целосно распродаден. Цената на билетот е 350 денари пред настанот, а се продаваат на билетарницата на МКЦ. 

Дел од атмосферата од синоќешниот концерт можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑