Македонија 428220_304171049632755_342398606_n

1 февруари, 2016

Искра Трпева се враќа на сцената

Едно од најпознатите имиња што ја одбележа македонската забавна музика во деведесеттите и почетокот на двеилјадитите години, Искра Трпева ќе се врати на сцената со нов материјал, кој би требало да излезе на лето, пишуваВечер“. Музичарката веќе работи на новите песни заедно со нејзиниот колега и долгогодишен соработник, Кристијан Габроски, со кого и ја започна својата музичка приказна.

„Во принцип не сакам да откривам многу, но можам да кажам само дека работам на нешто ново заедно со Кристијан. Најпрвин ќе пуштам сингл, а сакам да снимам и видео запис, но сè во свое време“, изјави пејачката, која зад себе има бројни хитови како што се „Допри ме“, „Штом падне мрак“, „Заврши сè“, „Љубов (срце)“, „Странец“, „Исти“ и други.

Покрај Габроски, на нејзините песни работеле и авторите Дарко Димитров и Александар Митевски, а додека го очекуваме најновото од неа, уживајте со макфестовскиот хит „Допри ме“.

Извор: Вечер ; Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑