Македонија TIJANA_TO_THE_SKY_GALLERY

5 мај, 2014

Интересни преработки на евровизиската „To The Sky“

Со оглед на тоа што неделава ќе помине во знакот на Евровизија, секојдневно ќе пристигнуваат новости од Копенхаген, градот кој во моментов е во центарот на вниманието на цела Европа и пошироко. Додека македонската делегација се подготвува за настапот во четврток, нашата песна станува вистински хит кај евровизиските фанови, а дел од нив направија и свои верзии на песната.

Британецот Дени Мекавој е голем љубител на Битлси и ги има преработено сите песни од легендарниот бенд. Покрај бројните преработки на најголемите хитови од изминатите децении, музичарот решил да направи и неколку преработки од евровизиските песни за годинава, а меѓу нив се најде и нашата „To The Sky“. Како звучи неговата верзија на оваа песна можете да слушнете во продолжение.

 

Момчето кое стои позади корисничката сметка MusicDiLaurentis на ЈуТјуб (не можевме да откриеме од каде е и како се вика), исто така направи своја караоке верзија на нашата песна, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 

По филмскиот хит „Alvin and the Chipmunks“, многу песни добија своја тн. чипманк верзија, а како звучи „To The Sky“ во чипманк стил можете да слушнете во продолжение.

 

За крај слушнете ја и фолк верзијата која ја направија самите Тијана и Тамара.



Врати се горе ↑