26 февруари, 2013

Интересен видео запис од Дејвид Боуви

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви годинава ја започна со нов сингл „Where Are We Now“, како најава за неговиот дваесет и четврти студиски албум насловен „The Next Day“, а сето ова беше најавено на денот на неговиот 66-ти роденден (8-ми јануари). Од албумот закажан за март годинава, неодамна беше објавен насловот на вториот сингл  „The Stars (Are Out Tonight)“, кој доби интересен видео запис.

Во спотот покрај Дејвид игра британската актерка Тилда Свинтон, тие двајца се брачна двојка од предградие на кои им пречат новите соседи,  познати личности кои ги играат познатиот српски модел Андреј Пејиќ и Саскиа де Броу, а режијата ја потпишува Флориа Сигисмонди.

Извор и фото: Guardian.co.uk/teacakes.tumblr.com

 



Врати се горе ↑