Видео 90disney

20 јуни, 2015

Интересен ремикс на Дизниевите песни и хитовите од деведесеттите

Многумина од нас сè уште со задоволство ги слушаат и пеат омилените песни од анимираните филмови на Дизни како што се „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Кралот лав“, „Аладин“… Но, секоја песна може да се „прероди“ со нов аранжман или ремикс. Токму тоа го направија Тодрик Хол и Шошана Бин, кои на незаборавните песни „Part Of Your World“, „Can You Feel The Love Tonight?“, „Tale As Old As Time“, „A Whole New World“ и други им дадоа нов живот спојувајќи ги со музиката од најпознатите хитови од деведесеттите. Овој интересен ремикс особено ќе Ви се допадне ако сте љубител на ар-ен-би музиката. Уживајте!

 

Ако сте и голем љубител на Дизниевите песни, сигурно ќе сакате да се потсетите и на „Еволуцијата на Дизни“!

 И.Ј.



Врати се горе ↑