Настани

30 април, 2018

Интерационален ден на џезот во Битола

МКЦ – Битола по шести пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот – 30 април, со организирање на концерт на „Беличанска квинтет“ што ќе се одржи вечерва во кафе-барот „Камарите“ во Битола, со почеток во 22.00 часот. Овој концерт по шести пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира.

„Беличанска квинтет“ е состав од искусни и докажани музичари од нашата џез-сцена кој веќе 10-тина години е активен. Зад себе имаат многу настапи, концерти и фестивали во земјата и странство. Негува повеќе стилови почнувајќи од џез-стандарди кои се изведени во нивни аранжмани, латин-џез, фанк, соул, како и своја авторска музика.

Јасмина Беличанска – вокал
Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон
Горан Димитровски – бас гитара
Ристо Крстевски – клавијатури
Зоран (Озо) Ристевски – тапани



Врати се горе ↑