26 декември, 2014

Инспиративен видео запис за „Miracles“ на „Колдплеј“

Како што Ви пренесовме неодамна, британскиот бенд „Колдплеј“ сними песна за филмот „Нескршено“ во режија на Анџелина Џоли. Интересно е тоа што познатата актерка го „киднапирала“ фронтменот на бендот за да го натера да напише песна за овој филм базиран на приказната за херојот Луис Замперини од Втората светска војна. Имено, во неодамнешно интервју за списанието „Валчр“, Крис Мартин се пошегувал за тоа како дошло до соработка со Џоли.

„Добив порака од Анџелина која велеше ’Дојди на оваа локација. Седум поранешни припадници на Морнарицата ќе ти стават превез преку очите и ќе те доведат.’ И така практично ме киднапираа и онесвестија. Кога се пробудив, се најдов во канцеларија, Бред Пит правеше склекови, а Анџелина само седеше со круна на глава. Тука беше и еден тип кој ми држеше нож под грлото, а таа рече дека морам да напишам песна или…“.

Песната насловена „Miracles“, која влезе во поширокиот избор за категоријата „Најдобра оригинална песна на претстојните Оскари, сега доби и инспиративен текстуален видео запис во кој се прикажуваат сцени од филмот, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑