Настани ImageProxy

3 јули, 2014

Иновативните и еклектични „Стринг форсис„ на „Д фестивал 2014“

Д ФЕСТИВАЛ, кој годинава го подготвува своето четврто издание, ја надополнува музичката програма со изведувачите подготвени да приредат нови незаборавни доживувања на уникатниот музички фестивал во Дојран. Покрај веќе најавените „Стерео МЦ’с“, на 26 јули во Дојран ќе настапи и македонскиот бенд СТРИНГ ФОРСИС – една од најспецифичните групи кои се имаат појавено во последните 20 години кај нас. Познати по нивниот иновативен и еклектичен музички стил, СТРИНГ ФОРСЕС ветуваат дека на Д Фестивал нè очекува изненадувачко концертно искуство. И самите приврзаници на ставот дека единственото вистинско доживување на музиката се настапите во живо, СТРИНГ ФОРСИС се најмоќни токму на своите концерти кои се потполно поинакво доживување за сите кои се навикнати единствено на звукот кој го носат нивните студиски изданија. Дополнителен предизвик пак за овој концерт секако е можноста да чуеме во живо дел и од новиот материјал кој СТРИНГ ФОРСИС веќе подолго време го подготвува за својот следен албум.

 

СТРИНГ ФОРСИС како група се оформени во 1995 година во Скопје, со идеја да создаваат музика која нема да биде ограничена со постоечките стилски класификации, ниту според музиката, ниту пак според инструментите кои ги користат. До сега во својата работа имаат четири студиски албуми: Reductio ad Absurdum [2009], Свиленкаст пат [2006] ], Изохронија [2002], String Forces[1999]), 19 годишна активна присутност на македонската музичка сцена со повеќе големи хитови какоКаде бегашКелари шарениСубВоди меЕден здив, Јас сум ти како и последниот Причина-предумисла, инаку официјален сингл-најава за нивниот нов, петти по ред, студиски албум. Главната нишка на изразот на Стринг Форсес е еклектичен спој на повеќе музички изрази, со нагласок на живиот настап и звукот создаден со жичени инструменти кои не секогаш се специфични за етаблираните и популарни музички форми. Сето ова денес со себе носи дефинираност на звук и израз по која публиката ги препознава и почитува.

Во периодот од издавањето на последниот албум, во 2011 година Стринг Форсис прославија 15 години од својот прв настап, а во истиот период започната е и самостојна продукција на документарен филм за своето делување, кој што ќе ја има својата премиера во рамките на поголемото одбележување на дваесет годишнината на групата во 2015 година. Во тек е и работата на материјалот кој што ќе се најде на нивниот петти студиски албум.

Денот Д за годинашното, четврто издание на уникатниот музички хепенинг Д ФЕСТИВАЛ е 26 јули (сабота), на веќе традиционалната локација, паркинг Гранит во Дојран, каде што нè очекува програма од селектирани артисти од светската и домашната музичка сцена.

Покрај македонскиот бенд СТРИНГ ФОРСЕС, сцената на Д ФЕСТИВАЛ годинава има особено задоволство да бидедомаќин на едни од најуспешните и најдолговечните британски хип хоп артисти, величенствените „СТЕРЕО МЦ’с“ (STEREO MCS), а наскоро ќе бидат објавени и нови изведувачи.

ЗАПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ПРВИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ПО ПРОМО ЦЕНА

Првиот контингент влезници за годинашното издание на Д ФЕСТИВАЛ се веќе пуштени во продажба по промотивна цена од само 250 денари. Сите кои сакаат да ја искористат промотивната цена треба да побрзаат бидејќи овие влезници се достапни во ограничен број, а се продаваат во продажната мрежа на МКтикетс:

– Продажните салони на ONE низ Македонија;
– Во Скопје: Југотон, МПМ Прес, Универзална Сала, Гоги Драчево;
– Низ Македонија: Алпине Спорт (Тетово), New Tobacco (Охрид), Џина (Дојран), Кафе Cream (Гевгелија), Sub Club (Струмица);
– онлајн на www.mktickets.mk .



Врати се горе ↑