Балкан resize

25 ноември, 2012

Индекси прославија половина век кариера

Пред точно педесет години, на 23-ти ноември во главниот град на БиХ, од неколку студенти беше составена легендарната група Индекси. А пред два дена на истиот датум бендот го прослави јубилејот – половина век музичка кариера. По тој повод беше одржан концерт во „Мирза Делибашиќ“ во Сараево, каде што голем број музичари и членови на култната група како што се Фадил Реџиќ, Корнелије Ковач, Нене Јурин, Ранка Рихтман, Мирослав Шарановиќ, Пеце Петеја и  Енде Лешиќ, како и Исмет Нуне Арнауталиќ и Мурисем Варајиќ ги отпеаја најголемите хитови „Сањам“, „Бацила је све низ ријеку“, „Да сам ја неко“...

Во чест на Индекси, на сцената во преполната Скендерија настапија и врвни музичари од поранешните југословенски републики, како што се Арсен Дедиќ, Дадо Топиќ, Тони Цетински, Маја Сар, Тифа, Калиопи, Амира Медуњанин, Жељко Бебек, Хари Варешановиќ, Борис Новковиќ и многу други.

Иако од формирањето во 1962 година па сè до смртта на легендарниот пејач Даворин Поповиќ во 2001 година, Индекси објавија само два албума и 27 сингл плочи, бендот ќе остане запаметен во југословенската музичка историја не само како рок група со најмногу фанови, туку и како посебен социолошк0-културолошки феномен. А како што истакна Тифа: „Индекси не беа само група, Индекси беа култура.“

 Во продолжение да се потсетиме на еден од најголемите хитови од Индекси „Бацила је све низ ријеку“.

Извор: мондо.рс

 



Врати се горе ↑