22 август, 2013

Инбокс гарантираат насмевки со новиот видео запис

Српскиот состав Инбокс го објави својот нов видео запис од актуелниот албум „Блесаво јутро…“. Овој пат видео издание доби песната насловена „Погледи“, чија продукција ја потпишува фотографот Горан Цвијанов од Суботица, кој за себе сака да каже дека е мултимедијален уметник кој ги користи сите визуелни техники за да ја искаже својата уметност.

„Овој видео запис е најплеменитото нешто што до сега го имаме понудено“ – вели Дадо Долмагиќ, лидерот на групата. Песната „Погледи“, чиј видео запис можете да го видите горе, се наоѓа на актуелниот албум „Блесаво јутро…“, објавен пред крајот на минатата година, а може да се симне од следниот линк.

Од пред неколку недели составот е засилен и со саксофон, а веќе работи и на нов албум.



Врати се горе ↑