Концерт koncert FMU

22 февруари, 2015

„In the Key of Life” – концерт на студентите од студиската програма Популарни музички жанрови‏

На 24 февруари (вторник) во МКЦ ќе се одржи концерт „In the Key of Life” на кој ке настапат студентите од студиската програма за Популарни музички жанрови, која започна пред неполни три години на Факултетот за Музичка уметност и со која за прв пат се изучува и популарната музика во една високообразовна институција во Република Македонија. Љубителите на музиката ќе можат да проследат настапи на неколку вокално-инструментални состави сочинети од студентите од прва, втора и трета година.

Како солисти ќе се претстават студентите по гитара, саксофон, бас гитара, соло пеење и удирачки инструменти, oд класите на професорите Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Александра Поповска, Дамјан Пејчиновски и Влатко Нушев. Слушателите ќе имаат можност да чујат теми и аранжмани кои не се изведуваат често кај нас од Стиви Вондер, Ејми Вајнхаус, Баден Поуел, како и неколку теми на Кол Портер, Дејна Пи Роу, Хенри Крајгер и други од Бродвејски мјузикли. Ќе прозвучат и делата на основоположникот на македонската популарна и џез музика Драган Ѓаконовски-Шпато.

Концертот ќе започне во 20 часот во салата Фросина – МКЦ. Влезот е слободен.



Врати се горе ↑